ЕУ остро го осуди хемискиот напад во Источна Гута

Русија и Иран кои го поддржуваат режимот треба да го искористат своето влијание и да ги спречат евентуалните напади во иднина

947092
ЕУ остро го осуди хемискиот напад во Источна Гута

ЕУ остро го осуди нападот на режимот на Асад со хемиско оружје во Источна Гута.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Службата за надворешни односи на ЕУ беше истакнато дека доказите за употребата на отровен гас во хемиското оружје во нападот на подрачјето Источна Гута кое се наоѓа под опсада на режимот на Асад во Сирија покажуваа дека одговорниот за нападот повторно е режимот.

ЕУ остро го осудува нападот и ја повикуваме меѓународната заедница што поскоро да одговори и да ги преземе потребните мерки на тоа поле.

Дојде време одговорните за нападот да положат сметка за нападот, а исто така Русија и Иран кои го поддржуваат режимот треба да го искористат своето влијание и да ги спречат евентуалните напади во иднина.

ЕУ ќе продолжи со борбата против употребата на хемиското оружје и заштитата на невините цивили е едно од приоритетните прашања на ЕУ, беше истакнато во соопштението.



Слични вести