Карлес Пуџдемон пуштен на условна слобода

Поранешниот претседател  на Автономната област Каталонја Карлес Пуџдемон кој беше уапсен на крајот од март, според одлуката на германскиот суд беше пуштен со мерки за забрана.

945544

Вишиот суд во Шлезвиг-Холштајн донесе одлука за ослободување на Пуџдемон со мерки за забрана, но налогот за неговото апсење ќе остане на сила.

Пуџдемон на 25 март беше приведен во Германија додека се враќал во Белгија, каде што престојува откако ја напушти Шпанија.

Судот во Германија утврди дека обвинението за побуна не е прифатлива причина за екстрадиција на Пуџдемон.

Во одлуката на Судот се наведува дека е потребно да плати кауција од 75.000 евра за судската одлука во овој случај да биде спроведена.

На 3 април германското обвинителство побара екстрадиција на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон во Шпанија.

Шпанското судство го терети за побуна откако парламентот на Каталонија прогласи независност врз основа на референдумот за независност од 1-ви октомври, иако шпанската влада го прогласи референдумот за неуставен.

Слични вести