2 милијарди евра финансиска помош на Турција треба да се додели од националните буџети

ЕУ на 14 март соопшти дека ја одобри исплата на втората транша помош на Турција во износ од 3 милијарди евр

945547
2 милијарди евра финансиска помош на Турција треба да се додели од националните буџети

Портпаролката на еврокомисијата Наташа Берто рече дека согласно договорот за бегалци на ЕУ, 2 милијарди евра од предвидените 3 милијарди евра финансиска помош на Турција треба да се додели од националните буџети.

На прес конференцијата во Брисел, Берто во изјавата во врска со помошта која што треба да и се додели на Турција рече: првата транша од 1 милијарда евра помош која и беше доделена на Турција беше обезбедена од буџетот на ЕУ. Втората транша од 2 милијарди евра ќе биде намирена од буџетите на земјите членки на ЕУ. Продолжуваме со средбите во Советот на ЕУ за спроведување ан овој предлог.

Се соочуваме со отпорот на некои земји членки на ЕУ за исплата на предвидената транша помош на Турција. Буџетот на ЕУ не е неограничен, рече Берто.

ЕУ на 14 март соопшти дека ја одобри исплата на втората транша помош на Турција во износ од 3 милијарди евра согласно договорот за бегалците кој беше потпишан во 2016.



Слични вести