Тереза Меј му честита на Ес Сиси за реизборот за претседател на Египет

„Меј му честита на Сиси за успешната транзиција на Египет кон демократија, со надеж дека што поскоро очекува заедничка соработка со претседателот „ се подвлекува во соопштението од Даунинг стрит бр.10 .

944846
Тереза Меј му честита на Ес Сиси за реизборот за претседател на Египет

Британската премиерка Тереза Меј му честита на претседателот на Египет ес Сиси за реизборот за претседател на државата.

Од Даунинг стрит бр.10 е соопштено дека Меј остварила телефонски разговор со претседателот Сиси.

„Меј му честита на Сиси за успешната транзиција на Египет кон демократија, со надеж дека што поскоро очекува заедничка соработка со претседателот „ се подвлекува во соопштението.

Тереза Меј исто така рече дека пожелува во Египет што поскоро да се воспостави стабилност,просперитет и демократија.Таа воедно додаде дека очекува соработка меѓу двете земји во борбата против тероризмот.

Претседдателот на Египет Абдулфетах Ес Сиси заблагодарувајќи се на честитката рече дека двете земји можат да соработуваат во спроведувањето на економските и образовните реформи во Египет како и во борбата против тероризмот.Тој додаде дека очекува поддршка од Британија во вид на размена на искуства и стручно знаење.

Меј и Ес Сиси изразија спремност за унапредување на соработката меѓу двете земји во сите полиња.

Инаку на изборите на кои гласаа 23 милиони избирачи во Египет, актуелниот претседател,поранешен армиски командант Абдулфетах Ес Сиси доби 92 посто од гласовите.

 



Слични вести