Трамп оствари телефонски разговор со кралот на Саудиска Арабија Селман

Саудискиот крал Селман и претседателот на САД , Доналд Трамп, остварија телефонски разговор посветен на меѓународни и регионални теми меѓу кои и последните случувања во Палестина.

943454
Трамп оствари телефонски разговор со кралот на Саудиска Арабија Селман

Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз и претседателот на Соединетите Американски Држави , Доналд Трамп, остварија телефонски разговор посветен на меѓународни и регионални теми меѓу кои и последните случувања во Палестина.

Саудиската новинска агенција СПА јави дека разговорот е реализиран синоќа и дека меѓу останатото е разговарано за посетата на саудискиот престолнаследник Мохамед бин Селман и неговата делегација во САД.

Селман рече дека во таа прилика се реализирани низа состаноци кои се во интерес на двете земји и се потпишани низа договори. Посетата наиде на позитивни реакции во двете земји.

Саудискиот крал истакна дека е неизбежно оживување на мировниот процес на Блискиот Исток со меѓународни напори.

Тој повтори дека ставот на Саудиска Арабија, кога станува збор за палестинското прашање, е непроменет и дека палестинскиот народ има право на државата Палестина со Ерусалим како главен град.

Саудискиот крал рече дека неговата земја вложува напори за решавање на кризата во Јемен и доставување хуманитарна помош. Тој, освен тоа, рече дека е потребно со решавањето на сириската криза и територијалната целовитост, да се исполнат барањата на народот.

Трамп истакна дека е потребно да се спречат заканите на Иран, кој се обидува да ја наруши стабилноста на регионот, и ја поздрави улогата на Саудиска Арабија, кога станува збор за воспоставување стабилност.

Двајцата лидери укажаа на важаноста од меѓународните напори во борбата против терористичката организација ДЕАШ во Ирак и Сирија.



Слични вести