Германското обвинителство побара испорачување на Пучдемон во Шпанија

удот во Шлезвиг одлуката за негово испорачување би требало да ја донесе за неколку дена

943396
Германското обвинителство побара испорачување на Пучдемон во Шпанија

Обвинителството во градот Шлезвиг поднесе барање до регионалниот суд за ставање на Пучдемон во предекстрадициски притвор, по интензивната проверкa на европскиот налог за апсење кој го издаде Шпанија.

Германското обвинителство побара денес испорачување на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон во Шпанија.

Обвинителството во градот Шлезвиг поднесе барање до регионалниот суд за ставање на Пучдемон во предекстрадициски притвор, по интензивната проверкa на европскиот налог за апсење кој го издаде Шпанија.

Судот во Шлезвиг одлуката за негово испорачување би требало да ја донесе за неколку дена, а адвокатите на Пучдемон побараа од германската Влада да интервенира.

Пучдемон на 25 март е приведен во Германија, додека се враќал во Белгија, каде што престојува откако ја напушти Шпанија.

Шпанското правосудство го товари за бунт, откако Парламентот на Каталонија прогласи независност врз основа на референдумот за независност од 1 октомври, иако шпанската Влада го прогласи референдумот за неуставен.

Освен за бунт, Мадрид го обвинува 55-годишниот поранешен каталонски лидер и за злоупотреба на јавните средства.



Слични вести