Полицијата во потрага по мајмун кој украл бебе во Индија

Детето утредента е пронајдено во бунар недалеку од куќата, а лекарскиот преглед утврди дека тоа не претрпело потешки повреди.

942784
Полицијата во потрага по мајмун кој украл бебе во Индија

Полицијата е во потрага по мајмунот кој во сојузната индиска држава Ориса влегол во куќа и украл бебе.

Би-би-си јави дека мајмунот во саботата навечер влегол во една куќа и го украл бебето, а мајката не успеала да го спречи.

Детето утредента е пронајдено во бунар недалеку од куќата, а лекарскиот преглед утврди дека тоа не претрпело потешки повреди.

Локалното население претпоставува дека мајмунот го испуштил бебето во бунарот, а полицијата истакнува дека мајмуните често влегуваат во куќите за да земат храна, но дека првпат се среќаваат со „кражба на дете“ од страна на мајмун.

Локалниот полициски претставник истакна дека се надеваат оти мајмунот ќе го пронајдат во период од седум дена.

Полицијата соработува со експерти за лов на мајмуни за да го реши случајот.



Слични вести