Кукасти крстови на вратата на џамијата во Стокхолм

Како што јави шведската телевизија СВТ џамијата во Стокхолм во 2017 година 22 пати беше цел на расистички напади а од почетокот на годинава дури 3 пати.

942812
Кукасти крстови на вратата на џамијата во Стокхолм

Денес во утринските часови кукасти крстови осамнале на вратата на џамијата во Стокхолм.

Џамискиот одбор веднаш ја известил шведската полиција,а во соопштението издадено по повод инцидентот преку кое најостро се осудува овој гнасен напад го истакнува следното :

„За жал секој изминат ден растат случаите на исламофобија и на непријателство кон странците во Шведска. Очекујваме од одговорните лица да го осудат нападот и да се преземат мерки против расистите кои ги напаѓаат муслиманските верски објекти.“

Сличен инцидент се случи на 22 март годинава кога на вратата на џамијата исто така беа нацртани кукасти крстови.

Како што јави шведската телевизија СВТ џамијата во Стокхолм во 2017 година 22 пати беше цел на расистички напади а од почетокот на годинава дури 3 пати.

 



Слични вести