Израелски војници малтретираа тригодишно палестинско дете

Еден палестински активист успеа да сними како група израелски војници во градот Ел Халил малтретираа 3 годишно палестинско дете.

940142
Израелски војници малтретираа тригодишно палестинско дете

Израелски војници малтретираа тригодишно палестинско дете.

Еден палестински активист успеа да сними како група израелски војници во градот Ел Халил малтретираа 3 годишно палестинско дете.

На снимката се гледа како војниците насила саккат да го однесат детето по име Диргам Месведе кое го обвиниле дека има нож во рака, па како потоа неговото постаро братче успева да го земе од нивните раце.

На снимката исто така се гледа како и таткото му се придружува на синот и успеваат со заеднички сили да го земат синчето од рацете на израелските војници.

Инаку населбата кај џамијата Ибрахим во ел Халил каде што живее палестинското семејство Месведе честопати стануваа цели на напади на израелските војници.

Стариот дел на градот пак што каде што живеат околу 400 еврејски доселеници го чуваат 500 израелски војници.

 

 



Слични вести