Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен во посета на НАТО база во Авганистан

Станува збор за воена база во Марар и Шариф во покраината Белх, а министерката Фон дер Лајен за време на посетата изјави дека германската војска е подготвена за долгорочна мисија во Авганистан.

937821
Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен во посета на НАТО база во Авганистан

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен, ги посети германските војници во базата на НАТО, во северниот дел на Авганистан.

Станува збор за воена база во Марар и Шариф во покраината Белх, а министерката Фон дер Лајен за време на посетата изјави дека германската војска е подготвена за долгорочна мисија во Авганистан.

Истакнувајќи дека наскоро во Авганистан ќе пристигне нов кoнтингент германски војници кои ќе ја вршат обуката на авганистанските безбедносни сили, Фон дер Лајен изјави дека мисијата на НАТО во таа земја ќе трае во согласност со потребите.

„Авганистанските сили сè уште не се подготвени да преземат одговорност за безбедносната ситуација во земјата“, изјави Фон дер Лајен.

Не е познато дали Фон дер Лајен за време на посетата ќе разговара со авганистанските официјални лица.



Слични вести