Покрената судска постапка против поранешниот претседател на Франција Никола Саркози

Саркози се обвинува за нелегално користење на финансиски средства пред изборите , за корупција и за криење на тајните либиски фондови.

935021
Покрената судска постапка против поранешниот претседател на Франција Никола Саркози

Францускиот суд покрена судска постапка против екс претседателот на државата Никола Саркози.

Саркози се обвинува за нелегално користење на финансиски средства пред изборите , за корупција и за криење на тајните либиски фондови.

Инаку Никола Саркози, пред два дена беше приведен во рамки на прелиминарната истрага околу тврдењата дека за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година зел финансиска поддршка од тогашниот лидер на Либија, Муамер Гадафи.

Според веста  на париски Ле Монд, Саркози бил приведен во утринските часови во Нантер, во близина на францускиот главен град Париз, од полицајците при Секторот за борба против корупција. Во веста се наведува дека Саркози кој само што се вратил од Дубаи каде што учествувал на конференција, се подготвувал да отпатува за Лондон.

Тој е приведен поради тврдењата дека кампањата за претседателските избори во 2007 година ја спроведувал со парите обезбедени од тогашниот лидер на Либија, Муамер Гадафи.

Поранешниот министер за нафта на Либија, Шукру Ганим, во 2012 година загина на сомнителен начин, а на една белешка што била пронајдена кај него, било напишано дека чантата полна со пари е доставена до Саркози.

Бешир Салих беше прикажан како човекот што ја обезбедува врската меѓу Гадафи и Франција, а пред извесно време беше повреден во оружениот напад во главниот град на Јужна Африка, Јоханесбург.

„Гадафи рече дека го финансира Саркози. Саркози го тврдеше спротивното. Јас го сметам Гадафи поверодостоен отколку Саркози“, истакна претходно тој.

Саркози во периодот од 2002 до 2004 година, и од 2005 до 2007 година ја вршеше функцијата министер за надворешни работи на Франција, а во 2007 година беше избран за претседател на земјата. Тој оваа функција ја вршеше од 2007 до 2012 година. 



Слични вести