Палестинката Ахед доби 8 месеци затвор за шлаканица на израелски војник

Ал-Тамими стана херој на палестинскиот отпор откако на 15 декември удри израелски војник, а нејзината мајка сето тоа го пренесуваше во живо на социјалната мрежа Фејсбук .

934969
Палестинката Ахед доби 8 месеци затвор за шлаканица на израелски војник

Палестинската тинејџерка Ахед ал-Тамими, на која ѝ се судеше поради удирање шлаканица на израелски војник на окупираниот Западен Брег, ја прифати спогодбата со Израелскиот воен суд, според која оваа шеснаесетгодишна девојка ќе помине осум месеци в затвор.

Израелскиот дневник Хаарец наведе дека израелскиот суд и тинејџерката по голем број судски рочишта сепак постигнале спогодба.

Ал-Тамими стана херој на палестинскиот отпор откако на 15 декември удри израелски војник, а нејзината мајка Нериман ал-Тамими, сето тоа го пренесуваше во живо на социјалната мрежа Фејсбук .

Израелските војници извршија рација во нејзиното село, по што тинејџерката е уапсена.

Нејзиниот адвокат не ги потврди информациите за судската спогодба, но, претходно изјави дека обвинителството понудило спогодба.

Палестинската тинејџерка имаше 16 години во времето на нападот, а обвинета е по 12 точки, меѓу кои и за физички напад. Нејзината мајка и роднина се исто така уапсени и казнети.

Aхед беше примена од страна на претседателолт  Реџеп Тајип Ердоган кога тој беше премиер на Турција.

 



Слични вести