Источна Гута: Во напади на Асадовиот режим и сојузниците загинаа 59 цивили

Претставници на Цивилна заштита во Источна Гута изјавија дека силите на Асад и неговите сојузници во текот на денот спроведувале жестоки воздушни и копнени напади врз сите делови на Источна Гута.

934126
Источна Гута: Во напади на Асадовиот режим и сојузниците загинаа 59 цивили

Во континуираните напади на сирискиот режим на Асад и сојузниците на подрачјето на Источна Гута загинаа 59 цивили.

Неименувани претставници на Цивилна заштита во Источна Гута изјавија дека силите на Асад и неговите сојузници во текот на денот спроведувале жестоки воздушни и копнени напади врз сите делови на Источна Гута.

Наведоа дека во нападите врз Дума загинале 56, а во Хареста тројца цивили.

Од Цивилната заштита во Источна Гута исто така додадоа дека поради жестоките напади не можеле да дојдат до неколку загинати и ранети цивили, и стравуваат дека бројот на жртви во наредните часови може да се зголеми.

Во нападите на силите на сирискиот режим на Асад и сојузниците врз Источна Гута, само во текот на изминатите пет дена загинаа повеќе од 150 цивили.

Силите лојални на режимот на Асад во продолжението на копнената операција, започната на почетокот на март, ја поделија енклавата Источна Гута на три дела.

Источна Гута е предградие на Дамаск под контрола на силите на сириската опозиција, а под целосна опсада на силите на режимот веќе неколку години. Во енклавата, борба за опстанок водат речиси 400.000 цивили.



Слични вести