Турција е гласот на сите угнетени против тираните во светот

Во Франција се одржа комеморација за турските шехиди кои загинаа во Африн

927388
Турција е гласот на сите угнетени против тираните во светот

По покровителство на приврзаниците на 7 здруженија со различни политички погледи во францускиот град Мулхаус се одржа комеморација за турските шехиди кои загинаа во операцијата „Маслиново гранче“ во Африн во Сирија.

Здруженијата Унија на европските турски демократи (ИЕТД), Турска исламска унија за верски прашања (ДИТИБ), Советот за еднаквост и правда (КОЈЕП) во заедничка соработка со филијалите во Мулхаус, Гебвилер, Тан и Сен Луис како и Колективот на турските културни здруженија Алсаж одржаа комеморација за турските шехиди кои загинаа во Африн во Сирија.

На програмата на која учествуваа и голем број раководители и претставници на другите здруженија во областа се читаа делови од светата книга Куранот и собраните се молеа за душите на жртвите.

Пратеникот на Партијата за правда и развој (АКП) од Истанбул Халис Далкилич во говорот на програмата потсети дека Турција е гласот на сите угнетени против тираните во светот.

„Ние ја застапуваме цивилизацијата која својата прегратка ја отвори за сите угнетени и обесправени. Без оглед на тоа каде се наоѓаат, сите поединци на нашиот народ се пробудија и знаат со што се бориме. Излегувањето во пресрет на нашите браќа во Африн е наша должност“ рече Далкилич.



Слични вести