Вчера во Вашингтон започна првата серија на состаноци на техничките комитети на Турција и САД

Ова се прелиминарни разговори. Веруваме дека претстојните среди ќе поминат успешно, рече Нојерт

925926
Вчера во Вашингтон започна првата серија на состаноци на техничките комитети на Турција и САД

Вчера во Вашингтон започна првата серија на состаноци на техничките комитети на Турција и САД за изнаоѓање решение на проблемите меѓу двете земји

Хедер Нојерт, портпаролката на американскиот Стејт Департмент, изјави дека на првиот состанок на техничките комитети на Турција и САД во Вашингтон беа разменети мислења во врска со операциите на Туирските вооружени сили во Африн во Сирија.

На прес конференцијата во министерството Нојерт рече дека во Вашингтон стартуваа разговорите меѓу еден од трите технички комитети кои беа формирани меѓу Турција и САД.

Разговорите се очекува да продолжат и денес и претставниците на двете земји ќе разговараат за низа теми поврзани за Сирија.

На едно прашање во врска со операцијата на Африна, Нојерт рече дека тоа не треба да биде изненадување.

Ова се прелиминарни разговори. Веруваме дека претстојните среди ќе поминат успешно, рече Нојерт.

Американската делегација составена од 20 претставници е предводена од страна на Вес Мичел, потсекретар на одделот за евроазиски односи при Министерството за надворешни работи и денес планира да одржи прес конференција.

Комитетот за Сирија во име на Турција го застапува заменик потсекретарот на министерството за надворешни работи Седат Онал.


Тагови: #САД

Слични вести