Треба да се укине или ревидира договорот со Иран

„Ние не се повлековме од преговорите, но Палестинците се повлекоа“, изјави премиерот на Израел

925913
Треба да се укине или ревидира договорот со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека најдобар начин за спречување на нуклеарното оружје на Блискиот исток е да се укине или ревидира нуклеарниот договор со Иран.

По посетата на изложбата за Ерусалим во зградата на ОН во Њујорк, Нетанјаху во обраќањето за новинарите го критикуваше Иран, велејќи дека шири тероризам во регионот.

„Единствен начин за спречување на ширењето на нуклеарна технологија и нуклеарно оружје на Блискиот исток е да се укине или целосно да се ревидира договорот со Иран“ изјави Нетанјаху.

Тој ја обвини и Палестина, тврдејќи дека се повлекла од мировните преговори со Израел.

„Ние не се повлековме од преговорите, но Палестинците се повлекоа“, изјави премиерот на Израел.

Да потсетиме дека Нетанјаху пред неколку дена, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека Иран претставува голем проблем за рамнотежата на силите во регионот.

„Иран е најголем предизвик за САД, Израел но и за нашите арапски соседи на Блискиот исток. Иран не се откажува од нуклеарните аспирации. Спроведува агресивни активности на секое подрачје, вклучувајќи ги и нашите сопствени граници. Иран мора да се спречи“, изјави Нетанјаху.

Израелскиот премиер во средината на февруари на Безбедносната конференција во Минхен го осуди меѓународниот договор за нуклеарниот програм со Иран, истакнувајќи дека договорот го охрабрил Техеран да стане се поагресивен во регионот.

Тогаш истакна дека споменатиот договор го „ослободил опасниот ирански тигар во регионот и пошироко."



Слични вести