Ирак од Јужна Кореја ја презеде третата пратка на борбените авиони од типот Т-50

Поранешниот ирачки премиер Нури ел Малики во 2013 година имаше потпишано договор со Јужна Кореја за откуп на 24 борбени авиони од типот Т-50

925537
Ирак од Јужна Кореја ја презеде третата пратка на борбените авиони од типот Т-50

Ирак од Јужна Кореја ја презеде третата пратка на борбените авиони од типот Т-50.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Ирак, третата пратка на борбените авиони од типот Т-50 беа преземени на аеродромот во Багдад.

Првата пратка на авионите пристигна во вторник, втората вчера беше истакнато во соопштението, додека во врска со бројот на авионите не беше објавен ниту еден податок.

Поранешниот ирачки премиер Нури ел Малики во 2013 година имаше потпишано договор со Јужна Кореја за откуп на 24 борбени авиони од типот Т-50.

Вредноста на еден борбен авион од типот Т-50 изнесува околу 21 милион долари.

Ирачките воздушни сили моментално ги користат американските борбени авиони од типот Ф-16, чешките Л-159 и руските Сухоj.



Слични вести