Местото на работниците во иднина може да го заземат роботи со вештачка интелигенција

Ниту една машина не може да биде ривал на потенцијалот на креативноста на човекот

924658
Местото на работниците во иднина може да го заземат роботи со вештачка интелигенција

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека местото на денешните работници во иднина може да го заземат роботите со вештачка интелигенција и дека треба да бидат спремни за да го спречат тоа.

Во рамките на посетата на рускиот производител на оружје Уралвагонзавод (УВЗ), Путин разговараше со работниците. Еден од работниците на разговорот со Путин ја изнесе загриженоста дека во иднина на своето место би можел да види некоја машина.

Путин на тоа одговори:

„Дали постои ваква закана? Да постои. Но за да го спречиме тоа, треба да бидеме спремни.

Ниту една машина не може да биде ривал на потенцијалот на креативноста на човекот“ подвлече Путин.



Слични вести