Усовршивме нова генерација суперсоничен проектил кој може да уништи било кое место во светот

Во случај да се употреби нуклеарно оружје против Русија или една од сојузничките земји, тогаш на истиот ќе сметаме како да е извршен врз Русија и веднаш ќе одговориме на ист начин

920811
Усовршивме нова генерација суперсоничен проектил кој може да уништи било кое место во светот

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека усовршиле нова генерација суперсоничен проектил со голем дострел кој може да уништи било кое место во светот.

Путин оваа информација ја објави во традиционалното годишно обраќање до пратениците на Сојузното собрание.

Путин рече дека Русија усоврши нова генерација нуклеарен проектил кој не го поседува ниту една друга земја.

Кон крајот на минатата година остваривме тест на еден нов суперсоничен нуклеарен проектил рече Путин потенцирајќи дека новиот проектил може да го погоди скоро секое место во светот.

Новата нуклеарна боева глава не ќе може да се погоди од ниту еден противракетен систем, рече Путин.

Во случај да се употреби нуклеарно оружје против Русија или една од сојузничките земји, тогаш на истиот ќе сметаме како да е извршен врз Русија и веднаш ќе одговориме на ист начин, рече Путин потенцирајќи дека продолжуваат со усовршувањето на нови помали нуклеарни боеви глави кои ќе можат да се носат од страна на крстостувачките проектили.

Путин меѓудругото рече дека исто така работат на усовршувањето на еден подводен дрон кој ќе може да пренесува нуклеарна боева глава.



Слични вести