САД ја зајакнува безбедносната соработка со Саудиска Арабија и ОАЕ

Доналд Трамп оствари телефонски разговори со принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Селман и со принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед

919757
САД ја зајакнува безбедносната соработка со Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговори со принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Селман и со принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед.

Белата куќа во Вашингтон соопшти дека Трамп и во двата разговори подвлекол на дестабилизационите активности на Иран во регионот.

Трамп воедно им се заблагодарил на принцовите престолонаследници на Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати за напорите во рамките на Советот за соработка меѓу заливските земји.

Во разговорите меѓу другото станало збор за мерките кои треба да се преземат за зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу САД од една и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати од друга страна.

Претседателот Трамп кој честопати остварува телефонски разговори со лидерите на земјите од Персискиот залив, почесто го привлекува вниманието кон ограничување на регионалните чекори на Иран.

 



Слични вести