Повик за поддршка на Ердоган во Мавританија

Во продавниците во градот беа обесени плакати на кои пишува „Добредојдовте господине претседателе“ како и постерите на претседателот Ердоган

920167
Повик за поддршка на Ердоган во Мавританија

Во Мавританија беше упатен повик преку социјалните мрежи за дочек на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој престојува во посета на оваа земја.

Илјадни граѓани на Мавританија преку профилите на социјалните медиуми упатија повик за одржување голем пречек на претседателот Ердоган.

Во пораките преку социјалните медиуми беше подвлечено дека ова е прва посета на ниво на претседател од страна на братска Турција.

Локалните продавачи кои продаваат турски производи во главниот град Нуакшот во знак на историската посета на Ердоган најавија попуст од 50 насто.

Во продавниците во градот беа обесени плакати на кои пишува „Добредојдовте господине претседателе“ како и постерите на претседателот Ердоган.

По посетата на Алжир, првата дестинација од турнејата по Западна Африка, претседателот Ердоган отпатува за Мавританија.

Во рамките на посетата на Нуакшот, претседателот Ердоган ќе одржи средба со мавританскиот колега Мухамед Велед Абдулазиз.



Слични вести