Резолуција на СБ на ОН за примирје во Сирија не ги опфаќа операциите во борбата против тероризмот

Владимир Путин одржа телефонски разговори со Емануел Макрон и Ангела Меркел

917988
Резолуција на СБ на ОН за примирје во Сирија не ги опфаќа операциите во борбата против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека прексиноќешната резолуција на СБ на ОН за примирје во Сирија не ги опфаќа операциите во борбата против тероризмот.

Путин вчера одржа телефонски разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Главна тема на разговорот беше резолуцијата за примирје на СБ на ОН во врска со Сирија.

Во соопштението кое беше објавено од Кремљ во врска со телефонските разговори беше истакнато следното:

„На разговорите беа разменети мислења во врска со случувањата во Источна Гута како и обезбедувањето пристап на хуманитарната помош до другите подрачја во Сирија. Благодарение на заедничките конструктивни активности изразуваме големо задоволство од усвојувањето на резолуцијата 2401 на 24 февруари од страна на СБ на ОН. Русија придава големо значење на целосното и брзо спроведување на одредбите на резолуцијата како и заедничките напори на тоа поле“.

Путин на телефонските разговори ги извести Макрон и Меркел за практичните чекори што ги фрли Русија за евакуација на цивилното население во Сирија, доставувањето на хуманитарната помош и пружањето медицинска помош на повредените. Резолуцијата не го опфаќа одложувањето на воените операции насочени против терористичките групи беше подвлечено во соопштението.

Лидерите постигнаа согласност за интензивирање на размената на информациите во врска со состојбата во Сирија преку различни канали.



Слични вести