10 лица загинале а 20 биле повредени во воздушен напад на руски воени авиони во Идлиб

Шефот на Белите беретки (Цивилна заштита) на Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф соопшти дека продолжуваат воздушните напади на Идлиб и неговата околина.

906084
10 лица загинале а 20 биле повредени во воздушен напад на руски воени авиони во Идлиб

10 лица загинале а 20 биле повредени во воздушен напад на руски воени авиони во населбата Мартинуман кај Идлиб на северот на Сирија.

Шефот на Белите беретки (Цивилна заштита) на Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф соопшти дека продолжуваат воздушните напади на Идлиб и неговата околина.

Јусуф додаде: Во бомбардирањето на руските воени авиони на Мартинуман кај Идлив счера во вечерните часови 10 цивили го загубија животот а над 20 се повредени.

Русија напаѓа од две страни , и од воздух  со воени авиони и од море, со балистички ракети од воените бродови укотвени во Средоземното море.

Инаку како што е познато Идлиб е прогласен за град за намалување на затегнатоста но и покрај тоа веќе два месеци е под жестоко воздушно бомбардирање.

Само минатиот месец во воздушните напади на Идлиб загинаа 211 цивили а на 1 447 биле ранети.

 



Слични вести