САД наскоро ќе ги објави најострите и најагресивни економски санкции против Северна Кореја

Ќе продолжиме со изолацијата се додека Северна Кореја дефинитивно не се откаже од нуклеарната и балистичка програма

905583
САД наскоро ќе ги објави најострите и најагресивни економски санкции против Северна Кореја

Американскиот потпретседател Мајк Пенс рече дека САД наскоро ќе ги објави најострите и најагресивни економски санкции против Северна Кореја.

Според веста на агенцијата „Кјодо“ Пенс кој во рамките на 6 дневната турнеја по Азија престојува во посета на Азија, се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Пенс и Абе потенцираа на значењето и потребата за зајакнување на соработката меѓу двете земји и со Јужна Кореја против балистичката и нуклеарна закана од Северна Кореја.

Јапонскиот премиер Абе на прес конференцијата рече:

„Благодарение на силниот пакт меѓу Јапонија и САД, спремни сме да се соочиме со Севернокорејското и другите прашања“.

Додека американскиот потпретседател Пенс рече:

„САД наскоро ќе ги објави најострите и најагресивни економски санкции против Северна Кореја. Ние ќе продолжиме со изолацијата се додека Северна Кореја дефинитивно не се откаже од нуклеарната и балистичка програма. Се додека не ја постигнеме глобалната цел за нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров и не се окончаат провокациите и заканите на Северна Кореја, рамо до рамо ќе ја продолжиме соработката со јапонскиот народ, народот на Јужна Кореја и сојузниците и партнерите во регионот“.



Слични вести