Лидерите на ЕУ на 26 март во Варна ќе се состанат со претседателот Ердоган

Пребен Аман портпаролот на Европскиот совет во пораката преку профилот на Твитер го објави писмото на Tуск и Јункер кое му го испратија на претседателот Ердоган

905098
Лидерите на ЕУ на 26 март во Варна ќе се состанат со претседателот Ердоган

На 26 март во Варна претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе се состане со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Пребен Аман портпаролот на Европскиот совет во пораката преку профилот на Твитер го објави писмото на Tуск и Јункер кое му го испратија на претседателот Ердоган.

Според тоа се потрвдува дека Јункер, Туск и Борисов на 26 март во Варна ќе се состанат со Ердоган.

Во писмото се алудира на состанокот помеѓу Ердоган, Туск и Јункер што се одржа на 25 мај минатата година во Брисел како и на состаноците кои беа одржани потоа на високо ниво во областа на транспортот, економската соработка, борбата против тероризмот и надворешната политика.

Во писмото беше изразено задоволство од јакнењето на односите на Турција со земјите членки на ЕУ како и согласноста дека на 26 март под покровителство на Европскиот совет ќе се одржи средба меѓу лидерите.

Состанокот ќе претставува извонредна можност за утврдување на заедничките интереси и дискутирање на последните случувања во Турција. Во писмото се наведува дека на состанокот ќе се разговара и за можностите за продлабочување на односите меѓу двете страни.



Слични вести