Железничка несреќа во САД 2 загинати 70 повредени
Патнички воз во сопственост на компанијата Амтрак на пат од Њујорк за Мајами, во 2 часот после полноќ по локално време удрил на товарен воз кој што доаѓал од спротивната страна.
903514

Двајца патници загинале а близу 70 биле повредени во судир меѓу патнички и товарен воз во Јужна Каролина,САД.
Харисон Кахил портпарол на округот Лексинтон после несреќата изјавил дека патничкиот воз во сопственост на компанијата Амтрак на пат од Њујорк за Мајами, во 2 часот после полноќ по локално време удрил на товарен воз кој што доаѓал од спротивната страна.
Локомотивата и неколку вагона од патничкиот воз излетале од шините после сударот.
Еден друг воз на истата компанија во декември 2017 година исто така излета од шините.Во несреќата загинаа тројца патници а над стотина беа повредени.