Турција ја информираше НАТО алијансата во врска со операцијата „Маслиново гранче“ во Африн

Турција е една од значајните земји членки на НАТО која пружи значајна поддршка во борбата против ДЕАШ (ИСИЛ)

904096
Турција ја информираше НАТО алијансата во врска со операцијата „Маслиново гранче“ во Африн

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека Турција ја информираше НАТО Алијансата во врска со операцијата „Маслиново гранче“ на Африн во Сирија.

Столтенберг на безбедносната конференција во Осло одговараше на прашањата на учесниците и рече дека сметаат дека треба да стапат во близок контакт со земјите кои вршат копнена операција во Сирија.

На средбата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и другите турски претставници ја изнесов потребата и значењето за одржување контакт меѓу претставниците на меѓународната коалиција за да не дојде до меѓусебни судири како и со земјите кои извршуваат копнена операција во Сирија. Сметам дека сите сфатија што мислам и НАТО има сериозен пристап кон прашањето. Турција претходно не информираше за копнената операција на Африн и ќе продолжи да не информира и во иднина, рече Столтенберг.

Турција е една од значајните земји членки на НАТО која пружи значајна поддршка во борбата против ДЕАШ (ИСИЛ) подвлече Столтенберг.



Слични вести