Приврзаниците на ПЈД/ПКК извршија уште еден напад врз џамија во Хановер

Во последните неколку дена, во Германија најмалку 11 џамии беа цел на слични напади

904066
Приврзаниците на ПЈД/ПКК извршија уште еден напад врз џамија во Хановер

Приврзаниците на ПЈД/ПКК продолжуваат со напади врз џамии во Германија.

Рано изутрина приврзаниците на ПЈД/ПКК на ѕидовите од џамијата „Хале Саале“ на Турската исламска заедница напишаа навредливи, ксенофобичнии антиисламски пораки.

Џамијата функционира под покровителство на турскиот Дијанет, а вчера сличен напад беше извршен и на куќата на претседателот на здружението Али Тетик.

Освен политичките пораки на приврзаниците на терористичката организација во врска со Африн во Сирија, на ѕидовите на џамијата беа испишани псовки и пораки со закана,

Претседателот на здружението Тетик рече дека во врска со случајот била известена германската полиција и изразил надеж напаѓачите што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.

Во последните неколку дена, во Германија најмалку 11 џамии беа цел на слични напади.



Слични вести