8 загинати 40 ранети во воздушни напади на Идлиб

Во ноќните часови извршени се воздушни напади врз местото Кенфренбил и селото Масаран кои се наоѓаат во зоната без судири во подрачјето на Идлиб.

903701
8 загинати 40 ранети во воздушни напади на Идлиб

 Во ноќните часови извршени се воздушни напади врз местото Кенфренбил и селото Масаран кои се наоѓаат во зоната без судири во подрачјето на Идлиб. Во нападите животот го загубија 8 цивили, а најмалку 40 лица се ранети.

Во вечерните часови изведени се напади врз Саракиб, Кефренбил, Кан Шајкоун, Маарат ал-Нуман, Тел Мердих, Ел-Гедефе, Ел-Тух и Масаран. Јусуф изјави: „Воени авиони на Русија во ноќните часови изведоа воздушни напади врз местото Кенфренбил и селото Масаран. Во нападите животот го загубија 8 цивили, а ранети се најмалку 40 цивили.

Акциите за спасување и извлекување се во тек, а постои стравување дека бројот на мртви би можел да се зголеми.

Во последните два месеци Идлиб се соочува со интензивни воздушни напади. Само во јануари загинаа 211 цивили, а 1.447 се ранети.



Слични вести