Продолжуваат воздушните напади на Идлиб

Четиринаесет цивили загинале, меѓу кои деца и жени, додека најмалку 30 цивили се повредени во воздушните напади извршени во зоната без судири во сирискиот град Идлиб.

899055
Продолжуваат воздушните напади на Идлиб

Четиринаесет цивили загинале, меѓу кои деца и жени, додека најмалку 30 цивили се повредени во воздушните напади извршени во зоната без судири во сирискиот град Идлиб.

„Нападите се извршени во подрачјата Серакиб, Маретинуман, Кефренбил и Кефер Амин кои се наоѓаат во јужниот дел на Идлиб, од страна на руските авиони и Асадовиот режим. Во нападите загинаа 14 цивили, додека најмалку 30 се повредени“, истакна Мустафа Хаџ Јусуф, директор на Цивилната одбрана во Идлиб.

Хаџ Јусуф нагласи дека постојат десетици авиони на Русија и Асадовиот режим кои постојано летаат на небото над Идлиб. „Денес извршија над 100 воздушни напади во различни подрачја на Идлиб“, додаде тој.

Како што рече Хаџ Јусуф, тимовите на Цивилната одбрана продолжуваат со спасувачките активности, додека повредените се пренесени во здравствените центри во регионот.

Во последните 1,5 месеци, зоната без судири во Идлиб е изложена на интензивни воздушни напади.



Слични вести