НАТО ја поддржа воената операција „Маслиново гранче“ на турските вооружени сили
Претставник на НАТО, истакна дека Турција се наоѓа во многу нестабилен регион и има претрпено многу сериозна штета од тероризмот

НАТО испрати порака со поддршка за операцијата „Маслинова гранка“ што Турските вооружени сили ја започнаа во подрачјето на Африн, Сирија, против терористичката организација ПЈД/ПКК која ова подрачје го држи под окупација. „Секоја држава има сопствено право да се заштити”, се вели во пораката.
Претставник на НАТО, истакна дека Турција се наоѓа во многу нестабилен регион и има претрпено многу сериозна штета од тероризмот. „Секоја држава има сопствено право да се заштити. Важно е тоа да се направи пропорционално и умерено”.
Претставникот на НАТО потсети дека НАТО е дел од меѓународната коалиција против ДЕАШ, но не е присутна на теренот во Сирија. Во врска со операцијата што ја започна Турција, тој го нагласи сојузништвото меѓу Турција и НАТО.
Претставникот на НАТО наведе дека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е во блиски контакти со турското раководство, потсетувајќи дека во вторникот Столтенберг имал телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Слични вести

Иран: „Ако Израел нè нападне, ќе ги уништиме Тел Авив и Хаифа“
Никој во регионот не го сака ционистичкиот режим и затоа мораа да изградат ѕидови околу нив