ПКК /ПЈД гранатираа болници во Африн

Најмалку 12 пациенти се ранети во гранатирање на болницата во северниот сириски град Азаз, кој го изведоа припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК.

892260
ПКК /ПЈД гранатираа болници во Африн

Најмалку 12 пациенти се ранети во гранатирање на болницата во северниот сириски град Азаз, кој го изведоа припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК.

Терористите на ПЈД/ПКК гранатираа породилиште и психијатарска болница во Азаз, недалеку од границата на Турција со Сирија. Гранатите се испалени од положбите на терористите во Африн.

Од управата на психијатарската болница, ранети се 12 пациенти, а меѓу нив има и животно загрозени.

Ранетите пациенти се преместени во други болници во близина, а објектот кој беше на мета на нападот е оштетен.

Во артилерискиот напад на породилиштето немаше ранети.

Нападите на терористите на ПЈД/ПКК од Африн на Азаз, кој е под контрола на силите на опозицијата, се интензивираа во последно време. ПЈД е сирискиот огранок на ПКК која е на листа на терористичките организации во Турција, САД и ЕУ.



Слични вести