Ја подржувам идејата за „Свет без нуклеарно оружје“

Но тоа не е возможно

888169
Ја подржувам идејата за „Свет без нуклеарно оружје“

„Ја подржувам идејата за „Свет без нуклеарно оружје“ рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потенцирајќи дека тоа е невозможно.

Во говорот на Конференцијата за меѓународна безбедносна стратегија што се одржа во шведскиот град Сален, Столтенберг рече:

„Во период кога Кина, Русија и Јужна Кореја и натаму продолжуваат да поседуваат нуклеарно оружје, откажувањето на НАТО од нуклеарното оружје нема да обезбеди побезбеден свет. Во светот треба да постои одредена рамнотежа. Затоа, НАТО не го подржува меѓународниот договор со кој се предвидува укинување на нуклеарното оружје, а кој беше усвоен на седница на СБ на ОН.“

Договорот за забрана на нуклеарното оружје и покрај бојкотот на земјите членки на ОН кои поседуваат нуклеарно оружје, беше усвоен од страна на 122 земји.



Слични вести