Израел активно ја следи ситуацијата во Иран

Би бил многу среќен да видам општествена револуција во Иран

885049
Израел активно ја следи ситуацијата во Иран

Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Јоси Кохен изјави дека Израел активно ја следи ситуацијата во Иран.

„Израел активно ја следи ситуацијата во Иран. Во Иран имаме очи, уши и уште многу повеќе од тоа“, изјави Јоси Кохен на затворената сесија во Министерството за финансии, јави израелското радио.

Кохен истакна дека актуелните немири во Иран најверојатно нема да го соборат режимот.

„Би бил многу среќен да видам општествена револуција во Иран. Тоа е нешто што би можело да се случи во иднина“, рече тој.

Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во иранскиот град Мешхед започнаа со протести на 28 декември, кои набргу добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.

Досега, во нередите на улиците низ иранските градови загинаа најмалку 23 лица, додека над илјада се приведени.



Слични вести