Доналд Трамп ќе учествува на Светскиот економски форум

Светскиот економски форум во Давос ќе се одржи од 23 до 26 јануари

885001
Доналд Трамп ќе учествува на Светскиот економски форум

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.

Портпаролот на Белата куќа Сарах Сандерс рече дека претседателот Трамп на форумот планира да ги пренесе политиките за јакнење на индустријата, претпријатијата и работниците на САД.

Светскиот економски форум во Давос ќе се одржи од 23 до 26 јануари.

Последен пат на Форумот во Давос од американските претседатели во 2000-та година учествуваше американскиот претседател Бил Клинтон, додека неговите следбеници Џорџ Буш и Барак Обама испратија делегации.



Слични вести