Турција ќе ги истражува исламофобичните настани во 4 европски земји

Одлуката за формирање на анкетна комисија за истражување на исламофобични настани произлегува од од се погласните расистички реторики со кои што се служат политичарите во овие земји,

884361
Турција ќе ги истражува исламофобичните настани во 4 европски земји

Турција ќе ги истражува исламофобичните настани во 4 европски земји.

Како што јави белгиската новинска агенција Белга паралементот на Турција формира посебна анкетна комисија за истражување на исламофобични настани во 4 европски земји и тоа Германија, Белгија,Австрија и Франција.

Како што се наведува одлуката за формирање на оваа анкетна комисија произлегува од од се погласните расистички реторики со кои што се служат политичарите во овие земји,особено во Австрија,каде што по веста дека првото новородено бебе во новата година во Виена било турчинче дојде до жестоки расистички реакции во јавноста.

Ова е не прв случај на исламофобија во Австрија.Минатата година група австриски политичари имаа предложено да се затворат муслиманските детски градинки.Тоа го предложи лично премиерот Себастијан Курц кој е познат по изјавата „Нема место во Европската унија за Турција“.

 

 



Слични вести