Британската премиерка Тереза Меј изврши ревизија на владата

Изминатата година кабинетот на премиерката Меј го напуштија тројца министри кои поднасоа оставки на функциите

884313
Британската премиерка Тереза Меј изврши ревизија на владата

Британската премиерка Тереза Меј изврши ревизија на владата. 

Изминатата година кабинетот на премиерката Меј го напуштија тројца министри кои поднасоа оставки на функциите.

Во новиот состав на владата функциите ги задржаа 5 министри и тоа министерот за финансии Филип Хамонд, министерот за надворешни работи Борис Џонсон, министерот за внатрешни работи Амбер Руд, министерот за Брекзит Дејвид Дејвис и министерот за одбрана Гевин Вилијамсон.

На функцијата заменик премиер е поставен досегашниот министер за правда Дејвид Лидингтон, а неговата функција ја презеде Дејвид Гаук.

Брандон Луис е поставен за министер без ресор ,а министерот за локална самоуправа Саџид Џавид дополнително го доби и министерството за урбанизам.

Актулемниот министер за здравство Џереми Хант дополнително го доби и ресорот за социјална политика.Инаку министерот Хант во последниот период беше на удар на критиките на јавноста поради кризата која траеше со недели во болниците и амбулантите ширум земјата.

Досегашниот министер за Северна Ирска Џејмс Брокеншајр поднесе оставка поради здравствени причини а неговата функција ја презеде Карен Бредли.

Премиерката Меј најави дека тоа не е се и дека смени во кабинетот ќе има и понатаму.

 

 



Слични вести