Во Сиднеј измерена е највисоката температура во последните 79 години

Поради високите температури, илјадници домови останале без електрична енергија, а во државата важи забраната за палење оган поради можноста од избивање пожар

883571
Во Сиднеј измерена е највисоката температура во последните 79 години

Во австралијскиот град Сиднеј измерена е највисоката температура во последните 79 години.

Официјалните претставници соопштија дека во Сиднеј вчера била измерена температура од 47,3 степени.

Кетрин Брн од полицијата на Њу Саут Велс изјави дека се спроведува планот за борба против високи температури.

Поради високите температури, илјадници домови останале без електрична енергија, а во државата важи забраната за палење оган поради можноста од избивање пожар.

 



Слични вести