Само во последната недела дена животот го загубиле 17 лица поради ниските температури во САД

Североисточните делови на Соединетите Американски Држави под влијание на снежни бури и ниски температури.

882216
Само во последната недела дена животот го загубиле 17 лица поради ниските температури во САД

Североисточните делови на Соединетите Американски Држави под влијание на снежни бури и ниски температури.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо прогласи вонредна состојба поради силните и обилни снежни врнежи пропратени со силен ветер кои веќе неколку дена се чувствуваат во Њјујорк.

Снежната бура предизвикува застои во сообраќајот и прекин во работата на државните институции и училиштата.Граѓаните без потреба не излегуваат од домовите.

Илјадници домови останаа без електрична енергија и греење во северозападниот брег на континентот.

Поради снежното невреме над 3000 авионски летови биле одложени или откажани.

Летовите на аеродромот ЈФК во Њјујорк се целосно во прекин.

Се истакнува дека во снежното невреме кое ја зафати скоро цела Северна Америка само во последната недела дена животот го загубиле 17 лица.

 

 



Слични вести