Техеран ги обвини Соединетите Американски Држави за мешање во внатрешните работи на Иран

Постојаниот претставник на Иран во Обединетите Нации Голамали Кошро испрати писмо до  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и до Советот за безбедност

881704
Техеран ги обвини Соединетите Американски Држави за мешање во внатрешните работи на Иран

Официјален Техеран ги обвини Соединетите Американски Држави за мешање во внатрешните работи на Иран и се пожали на ниво на Обединетите Нации.

Постојаниот претставник на Иран во Обединетите Нации Голамали Кошро испрати писмо до  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и до Советот за безбедност во кое се истакнува следното:

„САД под изговор поддршка на демонстрациите на сосема невиден начин се меша во нашите внатрешни работи.Претседателот Доналд Трамп и неговиот помошник Мајк Пенс со глупави твит пораки ги поттикнаа иранските граѓани на демонстрации.“

Кошро го обвини Вашингтон за прекршување на принципите на ОН и меѓународното право и повика на осуда на изјавите на администрацијата на претседателот Трамп.

 

 



Слични вести