Израелскиот парламент на првото гласање ја усвои одлуката за смртна казна за Палестинците

Постојат примери во кои луѓето вршат стравотни злосторства и не заслужуваат да живеат, рече Нетанјаху

881343
Израелскиот парламент на првото гласање ја усвои одлуката за смртна казна за Палестинците

Предлог-законот за воведување смртна казна за Палестинците беше усвоен уште на првата седница на Израелскиот парламент (Кнесет).

Според соопштението кое што беше објавено на веб-страницата на Кнесетот, предлог-законот беше усвоен со 52 гласа за, додека 49 пратеници гласаа против.

Предлог-законот беше претставен од страна на министерот за одбрана Авигдор Либерман, а отворено беше поддржан од  израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој рече дека смртната казна претставува правда во крајни ситуации.

Надоврзувајќи се на нападот на 3 јули врз нелегалното еврејско населено место Неве Џуф (Халамиш) во Западниот брег во кој загинаа 3 Евреи, Нетанјаху рече:

„Во животот имам видено многу шокантни работи, но покрај тоа последниот напад повторно ме шокираше. Постојат примери во кои луѓето вршат стравотни злосторства и не заслужуваат да живеат. Затоа законот го менуваме токму за овие ситуации“.

Нетанјаху пред гласањето истакна дека овој закон претставува начин на спроведување на правдата во екстремни случаи.

Според овој предлог-закон, воените судови во Израел можат да донесуваат одлуки за смртна казна за „злосторства извршени со обележја на тероризам“.

За време на дебатата околу предлог-законот, Либерман посочи дека новиот закон претставува добро средство за заплашување на терористите.

„Ова средство е поефикасно од уништувањето на домовите на членовите на нивните семејства“, рече Либерман.

Законот пред конечното усвојување треба да помине уште три читања.

Смртната казна е предвидена со израелскиот воен закон на окупираниот Западен Брег, но никогаш досега не е изречена



Слични вести