Русија:неприфатливо е било какво мешање од надвор во внатрешните случувања во Иран

Случувањата во Иран претставуваат внатрешно прашање на оваа земја, се подвлекува во соопштението издадено од МНР на Русија

879893
Русија:неприфатливо е било какво мешање од надвор во внатрешните случувања во Иран

Русија соопшти дека неприфатливо е било какво мешање од надвор во внатрешните случувања во Иран.

Министерството за надворешни работи на Русија издаде соопштение во кое се изразува надеж дека крвавите немири во Иран ќе се решат на мирен начин и дека е неприфатливо било какво мешање од надвор. 

Случувањата во Иран претставуваат внатрешно прашање на оваа земја, се подвлекува во истото соопштение во кое се изразува надеж дека инцидентите нема да ескалираат .

Инаку во неколку градови во Иран во четвртокот дојде до протести поради лошите животни услови а на кои интервенираше полицијата.

Во протестите животот го загубија над десетина лица.

 

 

 

 



Слични вести