Алексеј Навални ги повика руските граѓани на улица

Единствената тема која го интересира Кремљ е да се прикаже високиот процент на гласачи

877302
Алексеј Навални ги повика руските граѓани на улица

Рускиот опозициски активист и основач на „Фондот за борба против корупцијата“ Алексеј Навални го повика рускиот народ да излезе на улиците, со цел да се бојкотираат претседателските избори следната година.

Навални објави видео на „YouTube“, во кое го обнови неговиот повик за бојк на претседателските избори во Русија, кои ќе се одржат на 18 март 2018 година.

Рускиот активист смета дека излегувањето на изборите е бесмислена работа.

„Единствената тема која го интересира Кремљ е да се прикаже високиот процент на гласачи. Во овој случај нема смисла да се гласа на овие избори. Единствено нешто што останува е да се бојкотираат изборите. Го повикувам целиот руски народ за поддршка на бојкотот, и на 28 јануари да излезе на улица“, рече Навални.

Руската централна изборна комисија во понеделникот соопшти дека Навални, поради обвиненијата за корупција и казните од страна на судот, во согласност со изборниот закон, нема да може да ја објави кандидатурата за претседателските избори.

Навални, кој е водечки руски опозициски активист, е познат по организирање на протести против сегашниот претседател Путин. Тој беше осуден на казна затвор во 2014 година поради измама.



Слични вести