Лавров и Тилерсон разговараа за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија

Нуклеарната програма на Северна Кореја се коси со со постоечките резолуции на СБ на ОН

876427
Лавров и Тилерсон разговараа за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон разговарааа за сириската криза, Северна Кореја и билатералните односи.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија се наведува дека двајцата функционери разговараа и за Конгресот на националниот дијалог на Сирија кој ќе биде одржан во рускиот Сочи.

Се додава дека разговарале и за чекорите кои ќе бидат преземени за да се сочува територијалниот интегритет на Сирија.

Лавров и Тилерсон исто така се согласија дека развојот на нуклеарната програма на Северна Кореја се коси со постоечките резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Лавров на американскиот државен секретар му рекол дека „агресивната реторика на САД" предизвикала тензии на Корејскиот полуостров.



Слични вести