Одбиена кандидатурата на Алексеј Навални во Русија

Навални претходно изјави дека собрал доволно номинации за да биде противкандидат на Владимир Путин на претстојните претседателски избори

875652
Одбиена кандидатурата на Алексеј Навални во Русија

Руската Централна изборна комисија му забрани на рускиот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, да се кандидира за местото претседател на Русија.

Комисијата наведе дека Навални не може да биде кандидат на изборите поради тоа што е осуден за измама.

Централната изборна комисија и пред оваа одлука соопшти дека Навални не може да се кандидира бидејќи е осуден на условна казна затвор.

Сепак, Навални би можел да се кандидира на изборите во март 2018 година само ако добие посебна дозвола или ако сегашната пресуда се поништи.

Навални претходно изјави дека собрал доволно номинации за да биде противкандидат на Владимир Путин на претстојните претседателски избори.

Неговите приврзаници собрале по 500 потписи во 20 руски градови, што претставува услов за кандидатура.

Навални претходно изјавуваше дека пресудата против него е политички мотивирана.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде еден од кандидатите на претседателските избори во земјата.



Слични вести