Напад на џамија во Шведска

Нападнатата џамија се наоѓа во комплексот на Исламскиот културен центар

875923
Напад на џамија во Шведска

Непозната група напаѓачи синоќа изврши напад врз џамијата Сафле во јужниот шведски град Карстад.

Нападнатата џамија се наоѓа во комплексот на Исламскиот културен центар, а шведската државна телевизија „SVT“ (СВТ) објави дека напаѓачите ги скршиле прозорците на џамијата и фрлиле повеќе моќни пиротехнички средства.

Освен скршените прозорци, експлозивните направи предизвикаа и материјална штета во внатрешноста на џамијата, а директорот на Исламскиот културен центар, Абдихаким Адан, го опиша нападот како застрашувачки.

Тој истакна дека во џамијата Сафле секојдневно на молитвите присуствуваат околу 100 верници.

Властите покренаа истрага за нападот, а полицијата во прелиминарниот извештај наведе дека станува збор за акт направен од омраза.



Слични вести