Испорака на рускиот ракетен систем С-400 на Турција кон крајот на 2019 година

Договорот меѓу Турција и Русија во врска со ракетниот систем С-400 би можел да биде потпишан веќе наредните денови

873907
Испорака на рускиот ракетен систем С-400 на Турција кон крајот на 2019 година

Владимир Којин, советникот на рускиот претседател за воено-техничка соработка, изјави дека се финализирани сите прашања во врска со испораката на рускиот ракетен систем С-400 (S-400) на Турција.

„Предвидуваме дека испораките ќе бидат извршени кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година“, изјави Којин за новинарите во Москва.

Тој додаде дека договорот меѓу Турција и Русија во врска со ракетниот систем С-400 би можел да биде потпишан веќе наредните денови.

Тој на крајот истакна дека двете земји договориле план во врска со плаќањето на ракетниот систем.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара, истакна дека договорот за ракетниот систем С-400 ќе биде потпишан наскоро.



Слични вести