Железничка несреќа во САД: тројца загинати стотици повредени

Воз кој што се движел со 3 пати поголема брзина од нормалата излетал од шини во американската држава Вашингтон и паднал врз автопат

871745
Железничка несреќа во САД: тројца загинати стотици повредени

Воз кој што се движел со 3 пати поголема брзина од нормалата излетал од шини во американската држава Вашингтон и паднал врз автопат .

Возот сообраќал на релација Сиетл-Портланд и во моментот на несреќата наместо да се движи со предвидената брзина од 48 километри на час,се движел со брзина од 128 километри на час.

Возот превезувал 14 вагони од кои 12 биле патнички а останатите товарни.

Бела Дин Зар портпарол на Советот за национална безбедност во транспортот соопшти дека се уште не била откриена причината за несреќата и за тоа зошто возот се движел со три пати поголема брзина од предвиденото.Таа додаде дека истрагата за откривање на причината за несреќата ќе потреа десетина дена.

Инаку во несреќата загинаа тројца патници ,а ранети биле над 100 од кои десетина потешко.

 

 



Слични вести