Путин му се заблагодари на Трамп за информацијата

Благодарение на информациите на ЦИА, Руските безбедносни сили ги приведоа лицата кои планираа да извршат терористички напад

870390
Путин му се заблагодари на Трамп за информацијата

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за информациите во врска со терористите кои планираа да извршат напад во Санкт Петерсбург.

Во соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на Кремљ, Путин и Трамп одржаа телефонски разговор.

Во соопштението беше истакнато дека претседателот Путин му се заблагодари на американскиот претседател Трамп за поделбата на информациите во врска со осомничените лица кои планираа да извршат терористички напад на Санкт Петерсбург.

Благодарение на информациите кои беа доставени од страна на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Руските безбедносни сили ги приведоа лицата кои планираа да извршат терористички напад.

Претседателот Путин на телефонскиот разговор рече дека американскиот колега Трамп го информирал дека во случај Русија да поседува информации со евентуален напад во САД, ќе ги информира американските власти.

Во неодамнешното соопштение кое беше објавено од страна на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во Санк Петерсбург беа приведени терористите приврзаници на ДЕАШ кои планираа терористички напад во градот.



Слични вести