Прекин на електрична струја на аеродромот Хартсфилд Џексон во Атланта

Причината за прекинот на електричната струја беше пожарот што избувна во еден од подземните објекти на електричната компанија која обезбедува струја

870265
Прекин на електрична струја на аеродромот Хартсфилд Џексон во Атланта

Прекинот на електрична струја на аеродромот Хартсфилд Џексон во Атланта во САД предизвика одложување на низа авионски летови и голем број патници да останат на аеродромот.

Причината за прекинот на електричната струја кој неповолно се одрази врз сите летови во Џорџија беше пожарот што избувна во еден од подземните објекти на електричната компанија која обезбедува струја.

Градоначалникот на Атланта Касим Ред рече дека прекинот на електричната енергија кој започна во 13 часот ќе заврши во вечерните часови и повторно ќе започнат авионските летови.

 



Слични вести